Ние немаме намера да деклкарираме позиции кои се јасно декларирани и во законите и во Уставот, и во нашата кохезија и единство во државата затоа што таа само се потврдува низ годините наназад вклучувајќи и недозволивост да се преговара и разговара за она што никаде во светот не се преговара и разговара, а тоа е идентитет, јазик и национална посебност. Кога би отишле во Парламентот тоа да го потврдиме навистина сами себе би си ја повредиле честа, за што нема дилеми ниту дома ниту во светот. Ние сме со своја лична карта Македонци со македонски јазик, нашите сограѓани се со незагрозен идентитет – Албанци со албански јазик, Турци со турски јазик…. Тоа е правото на идентификација и самооппределување и ако такви работи дискутираме во Парламентот најблаго кажано би било понижувачки.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев за отчет за сработеното на 100 дена од Влада, запрашан дали се размислува за институционален одгвоор на бугарските услови преку декларирање на македонските позиции во Собранието. Нагласи и дека не се размуслува за мерки против Бугарија и сл.

-Ние сме убедени дека на големи проблеми се наоѓаат решенија, а не на вакви проблеми пред кои сме исправени. Проблемот е навистина нелогичен, сигурно дека е решлив и продолжуваме да изнаоѓаме решение. Не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ низ европеизација на државата која што ни треба како квалитатив, а не самото членство како членство. И тоа како можеме да наоѓаме решенија за загубени месеци ако ги имаме, дај Боже да ги немаме, годината се уште не е завршена. Но ако ги имаме можеме да побараме поддршка од една Холандија за владеење на правото и за сето тоа од поглавјата 23 и 24, Естонија и Грција може да ни помогнат со дигитализацијата, од Германија на економски план, рече Заев.

Посочи дека земјата го има преадаптитрано голем дел од законодавството и тоа е наша предност, која вели, немаме намера да ја изгубиме.

-Дефинитивно патот на изнаоѓање решение е европскиот пат. Ние покажавме европски вредности, европски манири од секој можен аспект. Држевме лекции на зпадноевропски земји со нашиот европски однос. Ние заслужуваме да го чекориме истиот пат што го члекореле Бугарија, Романија или Хрватска или Полска, Унгарија, Чешка, Словачка и др. последни земји што станале членки на ЕУ. Тоа е патот со новата методологија која е усвоена, веруваме дека имаме фер шанса да покажеме дека заслужуваме да бидеме полноправна членка на ЕУ, рече Заев

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров потврди дека состанок на амбасадорско ниво на Советот на ЕУ е закажан за в среда, на кој повторно е ставена точката за проширување.

-Ќе има КОРЕПЕР во среда, не е искучено да има и уште еден до крајот на оваа седмица. Без намера да подигнувам големи надежи. Како што ние немаме намера да дигнеме раце, така и германското претседателство е упорно и го користи секој момент да се обиде да издејствува еден пробив. Ќе видиме како ќе се одвиваат следниве денови, рече Димитров на новинарско прашање на прес-конференцијата за отчет за сработеното на 100 дена од Влада.