Филмскиот сценарист и режисерот на „Трето полувреме“ Дарко Митревски во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ раскажа неколку интересни анегдоти/случки кои се одвивале пред и за време на снимањето на филмот кој денеска станува симболот на модерната борба против негаторските барања од страна на Бугарија кон Македонија.

Имено, Митревски,

...Бранко Лустиг, по чија ургенција, кога Македонија имаше свој претставник на Оскарите, не нарекоа со Уставното име, беше човекот кој го прочита сценариото за „Трето полувреме“ и само кратко искоментира, овој филм мора да биде снимен, ова сакам да биде мојот последен филм... И водени од таа амбиција, во пролетта 2008 доаѓаме во Македонија, каде што Бранко Лустиг се сеќава со тогашниот премиер Никола Груевски и тогашниот Претседател Бранко Црвенковски да бара поддршка за филмот. Состаноците се оддржа во истиот ден, раскажува Митревски.

Митревски во интервјуто потенцира дека во 2008 година никој не се замарал со Бугарија, ниту пак некој помислил дека филмот ќе предизвика контроверзии. Основата беше дека се работи за љубовна приказна поврзана со фудбал. Додава дека најпрво биле на состанок кај Груевски, каде Бранко Лустиг му ја раскажал сцената со Македонија е свето име, на тогашниот премиер а потоа отишле и кај тогашниот Претседател Бранко Црвенковски.

- Попладнето одиме кај Црвенковски, а со кого Бранко Лустиг се знае од фестивалот Браќа Манаки а потоа и заедно биле во дискотека. Кога не прими Црвенковски, Бранко Лустиг му ја раскажа приказната од филмот и тука прв пат во животот слушам дека овде би можело да има некој проблем. Имено, Претседателот Црвенковски кажува следно: Аха, скарани сме со Грците, ќе не скарате и со Бугарите на што Лустиг му одговара цитирам „Тако вам је то у животу господине Претсједниче неможете у исто време бити и поштен и је*бен. Тука настана штама па Црвенковски стана, му пружи рака на Лустиг и му рече: Со среќа нека ви е работата, раскажува Митревски.

Целото интервју на Дарко Митревски во продолжение.