Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје денеска, со почеток во 11 часот, ќе одржи онлајн конференција преку платформата „Зум“ на тема „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање на спорови“.

На конференцијата ќе бидат претставени активностите и резултатите што треба да се постигнат со проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.