И покрај тоа што смртноста во светот кога пациенти со ковид 19 завршуваат на респиратор е висока, сепак во Германија, на пример, над 50 отсто од луѓето на респиратор успеваат живи да се извлечат. Оваа бројка во Македонија е поразителна, односно само два пациенти го преживеале респираторот. За Германското искуство зборува докторот во интернистичка клиника во Баварија, Македонец по потекло, Горан Трајковски. Неговата примарна дејност во моментот се ковид-пациентите.
-Респираторот треба да се избегнува, но кога ќе се дојде до таа машина, е доста корисна. Кај бели дробови кои откажуваат успесите од респиратор се движат околу 50 до 60 отсто од пацинтите кои преживуваат, значи смртноста е голема. Но мора да се каже во целиот свет смртноста е голема откако пацинетот ќе дојде на респиратор, а респираторот е алатка кај одредени луѓе и ние имавме добри резултати. Во Германија морам да признаам дека населението има доверба во здравствениот систем. И кога некој ќе дојде кај нас – ги слушаат нашите препораки.Не навлегуваат во тие замки каде што луѓето си праќаат пораки од еден на друг..овој рекол тоа,оној ова..па постојано се под стерс. Тоа е психички терет за населението, вели Трајковски.
За „локдаунот“ во Германија лекарот се надева дека ќе даде добри резултати.