Во интервју за германскиот весник Велт објавено денеска а пренесено од Дојче Веле на македонски јазик Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева тврди дека во изминатите десет години 88.450 граѓани на Македонија, добиле бугарско државјанство врз основа на нивното потекло.
– (…) Се разбира дека звучи ужасно доколку една земја и го негира правото на самоопределување на која било друга земја. Но, спротивното е точно. Во изминатите десет години 88.450 Северномакедонци добија бугарско државјанство врз основа на нивното потекло. Тие се бугарски и европски државјани. Тие имаат право на самоопределување. Но секој, кој денес во Република Северна Македонија се дефинира како граѓанин со бугарски корени, таму и понатаму се дискриминира. Пред околу две недели некои групи ги објавија личните податоци и адресите на овие луѓе, во некои случаи дури им се закануваа дека ќе ги обесат, вели Захариева за „Велт“.