Универзитетската клиника за детски болести ќе добие 35.000 евра донација од компанијата Макстил. Средствата ќе бидат наменети за реновирање и опремување на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката.
По повод донацијата денеска пред Клиниката најавено е обраќање на генералниот директор на Макстил, Иван Бановски и на директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова.