Со едноминутно молчење за починатите од ковид, со транспаренти од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и напуштање на салата на пратениците на опозицијата помина годишното обраќање на Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски пред највисоката институција во нашата земја - Собранието.
„Идентитетот се продава, Стево молчи“, „Не е мој претседател“, стоеше во дел од транспарентите од пратениците на опозицијата кои пред почетокот на обраќањето ги поставија пред говорницата на Претседателот.