Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот фејсбук профил објави видео од денешната „герила“ акција на опозициските пратеници при обраќањето на Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Собранието.

- Обраќањето на претседателот Пендаровски во Собранието беше добра прилика да му се обратиме со неколку пораки кои го отсликуваат неговото делување како владин министер.

- Идентитетот се продава, Стево Молчи

- Заев: Стево е неискусен политичар

- Претседател со купени гласови

- Стево слуга на Заев

- Не е мој претседател, пишува на својот фејсбук-профил Антонио Милошоски.