Идејата да се избрише предметот историја како самостоен и да се додаде во рамките на општествените науки - е само план, односно обид на власта да си ги „испере“ неуспесите, смета историчарката Наташа Котлар Трајкова.
-Во однос на нашата средина, мора да постои предмет историја. Овдека се работи за една намерна провокација на нашата власт која сака под дејството на потпишаните договори каде имаме комисии за ревидирање на историјата, а ниедна од тие комисии нема право и мандат тоа да го прави, она што не може да го направи на меѓународен план, го прави на внатрешен план за да уште повеќе ја збуни јавноста и и го скрати образованието на новите генерации за да не мислат на македонска историја, македонски јазик, вели Котлар за Алфа.