Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Општина Чаир изречени се вкупно 160 мерки, од кои 17 за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 за мотоцикли.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.