Унапредување и интензивирање на веќе воспоставената соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу Македонија и Албанија беше тема на разговор на средбата денеска во Тирана на министерката за образование и наука Мила Царовска со пратеникот и претставник на македонската заедница Васил Стерјовски.

Како што соопшти Министерство за образование и наука, Царовска со Стерјовски разговарала за програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонската заедница во Албанија за студирање во нашата држава.

За студиската 2020/2021 година доделени се вкупно 20 стипендии на студенти од Република Албанија, кои се со македонско потекло, за студирање на високообразовните институции во нашата земја.