Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денешниот чин на Тетовскиот Универзитет за доделување на титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на претседателот на Демократската Унија за Интеграција г. Али Ахмети, го оцени како една правилна одлука и одлука со која всушност се почести Тетовскиот Универзитет но и сите aлбанци затоа што, како што вели и Ниче, „почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата.„

Груби исто така кажа дека личност како што е лидерот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, кој целиот негов живот го има посветено на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството, посветувајќи се целосно во услугата кон другите, вакви личности нацијата ретко раѓа.

- Една личност кој цел живот го посветил на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството, посветувајќи се целосно во услугата кон другите, вакви личности нацијата ретко раѓа.

Нема подобар начин да се одбележи годишнината од Универзитетот на Тетово отколку овој чин, чествувајќи го водачот на процесот на правна и заслужна институционализација на овој храм на знаењето, истакна Груби.

Првиот вицепремиер им честита на ректорот, сенатот, академскиот кадар, студентите и сите оние кои се жртвуваа децении наназад за подигање на храмот на знаењето, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула доктор Хонорис Кауза, затоа што со честа кон него тие прават чест за сите други заслужни личности.