Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура преку својот твитер профил ја прокоментира актуелната ситуација со предлогот на власта за укинување на предметот историја и сспојување во еден под името „општествени науки“.

Таа прашува дали е случајност што во Америка, за добивање на американско државјанство се полага американска историја.

- Не им било јасно зошто не сме реагирале што ќе се спојуваат биологија, хемија и физика туку само за предметот историја сме се бунеле. Е па, не случајно, при процесот на добивање американско државјанство се полага американска историја а не биологија, хемија и физика! Ви текнува?!?, прашува Цветанова.