Иако министерот Филипче им вети на хронично болните олеснување на правилниците за добивање боледување, тие тврдат дека немаат никаков поинаков третман. Се чувствуваат револтирано и разочарано.

-Прво утврди дека има административни пречки околу правилниците околу ФЗОМ потоа, при нашето слушање рече дека ќе напрви се тоа побрзо да се реши.Потоа одговри на новинарско прашање дека биле сменети работите. Ние имаме сознание дека уште ништо не е сменето. Јас одговорно тврдам имам и сведоштва од нашите челнови дека тоа во пракса не е така, ем се шетаат ем им се укинуваат боледувањата без разлика што специјалистот дал препорака, изјави Билјана Рогожарска од Иницијативата за поддршка на хронично болните за Алфа.

Наспроти ова министерот уверува дека промените што се побарани се направени.

-Дел од правилниците се веќе променети . Значајно е олеснет пристапот до документацијата, рече Филипче.