Здружението на граѓани Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје, со цел успешно затворање на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда”, организира завршна конференција „Перспективи и можности за ефективна еколошка правда”, која поради актуелната состојба со КОВИД 19 ќе биде одржана на платформата ЗООМ.

Здружението на граѓани Центар за еколошка демократија ФЛОРОЗОН од Скопје, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA од Унгарија, веќе втора година го имплементира проектот „Еднаков пристап за ефективна правда”.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку грантовата шема за „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз ефективните реформи во правниот сектор” EuropeAid/159467/ID/ACT/MK и има за цел да придонесе кон креирање на независно, непристрастно, ефикасно, квалитетно и транспарентно судство, одговорно за заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните, притоа овозможувајќи заштита на јавниот интерес.