И оваа година, по четврти пат Комората на психолози на Македонија ја организира националната платформа на психолози за унапредување на менталното здравје - Денови на Психологија со наслов Ментално Здравје 2020: Еден за сите и сите за еден!.

Во рамки на истата ќе бидат реализирани психолошки акции пријавени од лиценцирани психолози во периодот од 18-27.12.2020.

- Оваа година навистина беше исполнета со предизвици, интензивна психолошка поддршка и помош која беше и сѐ уште е актуелна поради долготрајната пандемиска ситуација. Оваа ситуација силно ги активираше сите наши системи на поддршка и потреба за соработка. Но, истата не не’ одмина и нас психолозите, па така и ние поминувавме и поминуваме низ многу промени, кои што можеби ги слабеат и/или зајакнуваат нашите лични и професионални капацитети за адаптација во услови на пандемија, велат од Комората на психолози.

Едно е сигурно, специфичноста на 2020 ги поттикна сите наши капацитети за вложување, ангажирање и придонес кон нашата заедница, водејќи се од повисока смисла и вредности, како и од личната и колективната одговорност! Токму затоа, овогодинешните Денови на психологија 2020- Еден за сите и сите за еден! се можност за славење на сите наши напори да ја ставиме професијата во служба на граѓаните и во служба на професионалниот развој и соработка, додаваат од таму.