Тоа што нема полициски час за празниците според лекарите е можност за трет бран од ковид - 19 на новозаразени и починати.

-Сарс Ков 2 не бира по пријателство, дали си близок со некој. Затоа апелираме празниците да се поминат во кругот на најтесното семејство, бидејќи животот ќе помине и без масовни прослави. Зошто, здравството се одржува вештачки, а докторите на сите нивоа се веќе преморени, вели за Алфа доктор Ненад Лазаров.

Според докторот Злате Мехмедовиќ пак за надминување на вториот зимски бран ќе може да се зборува само кога драстично ќе се намали бројот на новозаразени и починати.

-Во моментов го живееме пикот на вториот бран. Се додека не почне да се намалува бројот за заразени и починати, ние се уште сме на врвот од овој корона бран. Кога ќе почне кривата да паѓа тогаш може малку да здивнеме, вели Мехмедовиќ.

Свесни се дека власта прави баланс меѓу економската и здравствената состојба, но сепак опасноста од трет бран може да биде реалност.