Нова провокоција од соседна и „братска“ Бугарија стигна на адреса на Македонија, откако нивниот потретседател на Влада и министер за одбрана Красимир Каракачанови истакна дека секој нормален човек кој прочитал повеќе од пет страни историја знае дека македонски идентите пред 44 не постои.

Шефот на бугарската одбрана уште еднаш повтори дека Бугарите и Македонците зборувале ист јазик. Тој вели му кажал на Заев дека три години не сториле ништо, и кога дошол моментот за решение веќе било доцна.

-Не можеш да ја јадеш раката која те поткрепува и која ти е подадена со едно братско благородство во буквална смисла, братско затоа што ние сме еден народ и говориме еден јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, идентичноста која што била многу древна. Секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таква идентичност одделно македонска, одделно од бугарската нема пред 44-та година, изјави Каракачанов.

За Каракачанов сега проблем е и што во Македонија немало бугарски медиуми, да ја шират пропагандата на источниот сосед.

-Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се распространи. По кабловските мрежи нема бугарски телевизии, по трафиките нема бугарски весници. И тие тврдат дека го промениле односот кон Бугарија, вие верувате ли? Јас не им верувам, изјави Каракачанов.

Каракачанов повторно кажа дека нема да се прави компромис со антибугарската политика и не го интересирало што дел од европските партнери имале поинакви ставови од Софија.