Справувањето со последиците од пандемијата и прашањата поврзани со вакцината, биле во фокусот на телефонскиот разговор меѓу заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија преку „Твитер" од грчкото МНР, но и како што напиша самиот Дендиас, телефонскиот разговор бил по иницијатива на Димитров.

-Телефонски разговарав со ЗПВ на Македонија Никола Димитров по иницијатива на Македонија. Фокусот беше на справувањето со последиците од Ковид-19 и прашањата поврзани со вакцинацијата, напиша Дендиас на неговиот официјален „Твитер" профил.