Премиерот Зоран Заев за наредната година, како една од приоритетите на Владата најави легализација на марихуната како и промена на Законот за опојни дроги со цел овозможување на извоз на цвет од канабис.
Во делот на легализацијата на канабисот за медицински цели, Заев се надева дека Парламентот е подготвен да ги усвои измените на Законот за опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели со што од следната година би се очекувале над 250 милиони евра приходи.
– Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагнози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. До јуни 2021 ќе ја отвориме дебатата, а потоа процесот ќе оди во Собранието. Се разбира, полицијата ќе продолжи со своите силни акции против криминалот и трговијата со дрога, за кои сведочиме секојдневни успеси, за што сакам да му честитам на министерот за внатрешни работи, рече Заев.