Оставам на истрагата, гледате дека МВР ефикасно постапува. Еден дел од тоа што беше Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.
Во однос на вчерашната полициска акција во Крушево, Заев посочи дека е информиран дека се случуваат вакви девијантни појави и дека ова е втора, потсетувајќи на акцијата пред некој ден во Валандовско-гевгелискиот регион.
– Прво апелирам, а веќе постапува Комисијата за давање на дозволите за лиценца за да направи детална контрола покрај тоа што го прави МВР. Уште еднаш поддршка за сите овие акции, за превенирање, спречување и откривање на сите незаконски дејствија поврзани со дрогите, а вклучително овде и канабисот којшто надвор од законско пропишаните рамки излезе надвор, изјави Заев.
Оставам на истрагата, нагласи Заев, посочувајќи дека МВР постапува ефикасно.
– Еден дел од тоа што беше Валандово-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, рече Заев