Одговорајќи на новинарски прашања во врска со украдената марихуана од Валандовско-гевгелискиот регион и вчерашната кражба во Крушево, премиерот Зоран Заев истакна дека нема информации дека меѓу уапсените бил и близок роднина на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.
Во однос на тоа дека меѓу уапсените во Крушево бил и близок роднина на заменик-министерот за внатрешни Назим Буши, Заев рече дека првпат слуша за тоа кои луѓе се инволвирани, но и дека не е важно, бидејќи треба да си одговараат без разлика кои се.
– Така што за мене сега ова што го спомнавте се само индиции, информации. Јас дури и првпат слушам за кои се инволвирани луѓе, впрочем и не е важно кои се инволвирани луѓе. Ако се инволвирани тие треба да си одговараат без разлика кои се, како се поврзани, со кои важни или неважни личности во државата, рече Заев.