Ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното издание на дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, додавајќи дека спорните точки со Софија се околу идентитетот и историјата.
– Бугарија и Македонија потпишаа договор за добрососедство. Со овој договор и двете страни преземаа конкретни обврски. Веднаш потоа од Бугарија беа поставени нови услови, истакна Џафери.
Првиот човек на Собранието вели дека Македонија има направено прогрес, исполнувајќи ги условите за преговори со ЕУ. Верува дека, сепак, може да се најде решение, и земјата да го продолжи патот кон ЕУ.
– Решение може да има доколку се надминат спорните точки во историјата, треба да гледаме напред и заедно да ги исполниме и реализираме задачите кои од нас ги бара ЕУ, заклучи Џафери
Џафери исто така во емисијата го коментираше и филибастерингот кој опозицијата го направи за промена на деловникот со кој пратениците ќе можеа да гласаат онлајн, велејќи дека тој е „таткото“ на филибастерингот во македонското собрание
„Јас сум авторот на филибастеринг“ во Македонија, но јас не го блокирав Собранието туку само законот“, рече Џафери.
Исто така Џафери го коментираше и Апасиев дека со него имаат коректна соработка и дека тој е легитимен претставник на народот во Собранието. Додава дека би прифатил да биде Че Гевара, ако Апасиев прифати да биде Фидел Кастро.
Претседателот на Собранието го коментираше и владиниот предлог за интегрирање на предметот историја во општествени науки и смета дека за таква реформа потребна е сериозна дебата и анализа и дека министерката Царовска избрзала.
Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека ова е брза реакција на министерката за образование Царовска и дека за ова е потребна сериозна дебата и анализа.
- Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тема“, потенцираше Џафери во „Click Plus“ на ТВ21.