Намален е притисокот на пациенти за болничко лекување во штипскиот ковид-центар. Изминатите денови евидентно е дека бројот на хоспитализирани на Инфективниот оддел е намален. Бројот на тешки случаи на Одделението за анестезиологија, каде се лекуваат тешко болните пациенти, кои имаат и централен довод за кислород, но и 24 часовен третман од страна на лекарите се менува и изнесува од три до шест пациенти.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека според извештајот, кој го добива од началникот на Инфективното одделение, Дијана Шишкова, денеска имаат 14 слободни болнички кревети.
На Инфективното се лекуваат 53, а на Одделот за анестезиологија чевторица пациенти. На кислородна поддршка се 16 пациенти од источниот регион, а 86 годишен маж од селото Луковица во Општина Македонска Каменица ја изгуби битката со коронавирусот.