Министерот за надворешни работи Бујар Османи и директорот на Пошта, Јани Макрадули денеска во холот на МНР ќе промовираат поштенска марка по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и САД.
На промоцијата преку видео-конференциска врска ќе учествуваат и помошник државниот секретар на САД за европски и евро-азиски прашања Филип Рикер и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.