Во последната хуманитарна акција во која учествуваа уште дваесетина компании од Гевгелија, Богданци и Дојран, беше обезбедена медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра, за потребите на Општата болница.
Општествено одговорни фирми од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, за време на пандемијата од корона вирусот самоиницијативно или во соработка со општина Гевгелија, реализираа неколку хуманитарни акции за ублажување на последиците од здравствената криза во гевгелискиот регион и подрачјето што го покрива болницата.
Во последната хуманитарна акција што деновиве ја организираше компанијата „Жито Пром" од Гевгелија и во која учествуваа уште дваесетина компании од Гевгелија, Богданци и Дојран, беше обезбедена медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра, за потребите на Општата болница и ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија кои го покриваат регионот на трите општини од југоистокот на земјава.
Во изминатите хуманитарни акции што ги огранизираше општина Гевгелија, поголем дел од истите компании учествуваа со донации од пакети со прехранбени производи и хигиенски средства за семејствата од социјално ранливите категории.