Градската изборна комисија на градот Мостар започна со пребројување на гласачките ливчиња од одредени избирачки места на локалните избори, кои се одржаа во недела на 20 декември, после 12 години.

Пребројувањето се одржува во просториите на Економското училиште, откако ЦИК едногласно донесе одлука за пребројување на гласачките ливчиња од повеќе од 70 од вкупно 150 избирачки места, иако не беа преброени ниту првиот пат, објави порталот Klix.ba.

Претседателот на Градската изборна комисија, Хилмо Џиделија, изјави дека се работи само технички корекции и оти овој процес нема да влијае врз резултатите од изборите.

Тој објасни како се случило некои кандидати да имаат повеќе гласови од политичките субјекти на кои им припаѓаат и дека воочените проблеми во Мостар немаше ни да бидат забележани на 15 ноември, кога се одржуваа избори во други општини и градови.

ЦИК ја повика Градската изборна комисија во Мостар да распореди нови членови на изборните комисии со цел да ги пребројат гласачките ливчиња на местата каде што постои сомнеж за нерегуларности.

Граѓаните на Мостар гласаа на 150 избирачки места и процесот на гласање го следеа 1.717 набљудувачи, што значи дека секое избирачко место било под надзор на 12 набљудувачи, потсетува Кликс.ба.

Проблемите на гласачките места се појавија веднаш на отворањето кога некои набљудувачи не можеа да пристапат до избирачките места, по што интервенираше Градската изборна комисија.