Хрватска пошта (ХП) објави дека поштенскиот сообраќај кон Велика Британија е запрен и дека нема да се прифаќаат пратки до Велика Британија се до ново известување.

Според нив, поради откривањето на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, прекинати се сите видови сообраќај од земјите на континентална Европа кон Велика Британија и обратно, како и дека оваа суспензија се однесува и на поштенскиот сообраќај.

Од почетокот на декември, поштенскиот промет (сообраќај) со Велика Британија беше отежнат и со чести доцнења во двата правца поради големите количества пратки кои патуваа кон Европа, но и поради сегашната епидемиска криза што ги оптовари европските пошти и влијаеше на динамиката на сообраќајот, јавија хрватски медиуми.