Новиот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ќе го чуваат 11 припадници на Интервентната полициска единица од Бар и Подгорица, јавија црногорски медиуми.

Претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ, исто така има двоцифрен број лица за обезбедување, јави порталот ЦдМ, но не прецизира колку.

Вицепремиерот Дритан Абазовиќ и министерот за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ ќе бидат чувани од по пет припадници, а министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ од тројца припадници на посебната единица.

Вијести синоќа објавија дека Кривокапиќ од понедленик ќе има лично обезбедување.

Кривокапиќ сметал дека не му е потребна заштита, но му е дадена поради важноста на неговата функција, наведува медиумот.