Со колективна изложба на креативни дела „И ние сме како други“ во холот на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово се претставија деца и ученици со посебни потреби. Делата се создадени за време на пригодни работилници во склоп на проектните активности на Здружението „Златна рака“ од Тетово.

-Се одржале вкупно шест креативни реаботилници. На двете во ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ учествуваат 11 деца. Две работилници имаше во ОУ „Лирија“ со учество на 34 деца и на двете во Дневен центар за деца со ментална или телесна попреченост имаше 25 деца. Целта на проектот е подигање на свеста кај семејствата на лицата со посебни потреби, во средината каде тие живеат и кај институциите на системот, за да им се овозможи поголемо учество во креативниот дел од општеството, изјави Гзиме Хајредини, претседателка на „Златна рака“.

Сите активности ќе бидат изложени и во соодветна брошура.