По наредба на надлежен државен обвинител, црногорската полиција работи на откривање на организаторите на вчерашните протести пред зградата на Парламентот.
Вчера се одржа протест против усвојувањето на изменетиот Закон за слобода на вероисповед.
На крајот на минатата недела во Цетиње беше издаден проглас со кој се повикуваат граѓаните да протестираат, со порака дека нема да дозволат имотот, црногорското наследство и културата да бидат оставени на Црквата на друга држава, односно на Српската православна црква и на Србија.
Парламентот ноќеска со мнозинство гласови ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за вероисповед, а највлијателната опозициска ДПС на Мило Ѓукановиќ бара Уставниот суд да се изјасни за легитимноста на одлуката.
ДПС тврди дека Парламентот ноќеска носел одлуки без кворум.