Пациентите во болницата во Петрињa чекаат да бидат евакуирани, бидејќи по денешниот земјотрес во објектот нема ниту електрична енергија ниту греење.

Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор.

Во денешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала во Хрватска загинаа најмалку шест лица.

Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња. Земјотресот е почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа неколку потреси.