Половина од Словенците, кои учествуваа во онлајн анкета, изразија подготвеноста да бидат вакцинирани против Ковид-19, кога тоа ќе биде можно, соопшти словенечката агенција СТА.

Вкупно 20 проценти имаат намера да се вакцинираат, а 29,5 проценти рекле дека веројатно ќе го сторат тоа. Според истражувањето, има 31 процент од оние кои најверојатно не сакаат да се вакцинираат, а 19 проценти од словенечките граѓани се децидни дека дефинитивно не сакаат вакцинирање.

Иако пет отсто од анкетираните кажале дека вакцинацијата треба да биде задолжителна за здравствените работници и корисниците на старските домови, сепак, 31 отсто се против задолжителната вакцинација на овие две групи.

Патем, речиси 10 проценти од испитаниците веќе биле заразени со коронавирусот, а 82 проценти познаваат некој што е заразен.