Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска донираше новогодишни пакетчиња на деца, во рамки на проектот „Бугарски божиќни празници“, што се спроведува со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи.

Од Амабсадата соопштија дека беа поделени 140 новогодишни пакетчиња со чоколади, бонбони и училишен прибор за основното училишта „Д-р Златан Сремац“, Домот за рехабилитација на деца и млади, Домот за деца со образовни проблеми, Детската болница за белодробни заболувања „Козле“ и Дневениот центар за деца со Даунов синдром „Доза на среќа“. Пакетчињата ги предадоа бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билијана Ангелова.

Денешниот настан, посочуваат од Амабасадата, е израз на постојаната поддршка што ја даваат за ранливи социјални групи во Република Северна Македонија и воспоставената долгорочна соработка со повеќето корисници.

Подароци и новогодишни пакетчиња денеска им беа поделени и на деца во бугарската амбасада во Скопје. Настанот се одвиваше строго во согласност со ограничувачките мерки воведени во врска со ширењето на пандемијата КОВИД – 19, информираат од Амбсадата на Бугарија.