Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот на Левица Димитар Апасиев, денес во Собранието на Република Македонија, Премиерот Зоран Заев го праша Апасиев дали е точно дека пред изборите биле финансиски и логистички помагани од СДСМ за да му одземат гласови на ВМРО-ДПМНЕ а потоа доколку освојат пратеници да бидат дел од владината коалиција.
-Тоа е исто како јас сега да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите неопходни ресури за претходните избори, логистички и материјални само да одзимате гласови од ВМРО-ДПМНЕ, за да ја спасиме државата од Мицкоски. И притоа да дадете директно одговор, дали е вистина или шпекулација дека договоривме да продолжите понатаму да не поддржувате ако освоите пратеник, а не вака, вели Заев.