Потпретсeдателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ тврди дека претседателот Мило Ѓукановиќ на државата му должи 12,4 милиони евра на име данок.
– Додека зборува за наводно почитување на Уставот и законите, Мило Ѓукановиќ должи 12,4 милиони евра данок на државата напиша Абазовиќ на Твитер.
Тој додаде дека „сега е јасно што се крие зад кревањето тензии, приказните за идентитетот, загрозеноста… Нема повеќе недопирливи“.
Абазовиќ ги објави и податоците за блокираните сметки на правни лица од Централна банка на Црна Гора.