За две седмици, на 25 јануари, во Истанбул ќе се одржи следниот круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за 61-от круг прелиминарни контакти што ќе се одржи по пауза од речиси пет години.
Претходните разговори беа во март 2016 година.