Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска апелираше до граѓаните да се вакцинираат против коронавирус кога ќе им дојде ред да ја примат вакцината.
Тој верува дека имунизацијата ќе овозможи крај на здравствената криза оваа година, пренесува СТА.
Пахор ја даде изјавата за време на неговата посета на седиштето на Штабот за цивилната заштита во Целје, како дел од неговата кампања за лично заблагодарување до персоналот кој се бори против Ковид-19 на првиот фронт