Во првиот работен ден од неделата само во првата смена од 8 до 14 часот во Ковид-центарот при Клиничка болница Тетово на преглед биле 37 граѓани, информира координаторот д-р Гзим Нуредини. Во Ковид-центарот сега се хоспитализирани 17 пациенти.

-Амбулантата ни е индикатор дали ќе има ширење на инфекцијата. Не се сите со симптоми, но се испитуваат. Разликата од претходните недели е што се работеше со пациенти со тешка клиничка ссостојба а сега се е подобра состојба на хоспитализирани, информира д-р Нуредени.

Во кругот на клиничката болница во тек е изградба и поставување на модуларна болница. Изминатите два дена во тетовско се бележат над 200 оздравени од Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува 466.