Албанските студенти доставија петиција со повеќе од 6.000 потписи со која бараат наставата да следат со физичко присуство.

-Петицијата ја доставивме до премиерот, Министерството за образование и Министерството за здравство. Не е праведно во основните и средните училишта да има настава со физичко присуство на учениците, а на универзитетите од далечина, сметаат студентите.

Додаваат дека на нивното барање треба да се гледа како приоритет, бидејќи се приближува периодот на испити.

-Ова го баравме подолго време. Ние ја презедовме оваа иницијатива со порталот „Студентите осудуваат“ и досега гледаме дека не само што се активни, туку гледаме дека студентите сакаат, бараат и продолжуваат со инсистирање наставата да се одвива со физичко присуство. Сакаме да ја прашаме министерката кога остварува средби со млади од нејзната партија дали има или не вирус на овие средби, прашуват студентите.

Се дознава дека ректорите имале средба со министерката Евис Куши на која станало збор за начинот на настава.

Ректорите предложиле неколку сценарија, меѓу нив и можноста за враќање на студентите во предавалните, но според нив, унверзитетите немаат капацитет да обезбедат физичка дистанца.

Сепак, последниот збор ќе го има Националноот комитет на експерти за справување со пандемијата, кој, пак, пред два дена поради трендот на раст на новозразени од последните две недели, одлучи „ наставата во универзитетите да продолжи онлајн до следна одлука“.