Пандемијата беше причина да не се одржи јубилејната традиција на спуштањето крст во осветена вода во базен што се практикува на денешен ден Водокрст, ден пред Богојавление Водици во дворот од црквата Света Богородица во Тетово.
Во дворот на оваа црква ваквата традиција е почната пред 35 години во 1986-тата.
– Оваа година не спречи пандемијата да не се фрла крстот во базенот, традиција која во оваа црква кај нас е од 1986 година кога е изграден овој базен со донација на семејството на верникот Мишко Васоски. Од тогаш беше востановена традицијата која ја дозволи тогашниот владика г. Кирил на ден пред Богојавление Водици после одржување на литургија и осветување на водата да се фрла крстот во базен. Минатата година имаше тројца кои се фрлаа по осветениот крст, изјави Небојша Недељковиќ, член на црковниот одбор.
Согласно протоколите утрината се одржа празнична литургија и Богојавленски водосвет во внатрешноста на цркавата. Верниците во текот на деновите сепак ќе може да си земат осветена вода.
-По Богослужбата од страна на свештениците осветена е богојавленска вода со посебна молитва во самиот храм вантре а верниците ќе може да дојдат накнадно да земат од осветената крстена вода, рече Недељковиќ.
Поради пандемијата и утре на празникот Богојавление Водици нема да има спуштање на осветен крст во водите на базенот во соборната црква Свети Кирил и Методиј.