Приватната компанија „Аксиом Спејс“ денеска откри дека ќе изврши прв комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (МВС), но тоа ќе се случи најбрзо во јануари 2022 година.

„Аксиом Спејс“ ќе лансира мисија која ќе биде прв лет досега кон станицата, која се наоѓа на 408 километри од Земјата, пишува „Индепендент“.

Мисијата веќе го доби името Ах-1 и ќе ја предводи Мајкл Лопез-Алехрија, кој веќе бил астронаут на НАСА, бидејќи досега четири пати летал во вселената, а сега е потпретседател на „Аксиом Спејс“.

Останатите тројца членови на тимот се приватните инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Ејтан Стибе


Администратор
27/01/2021 04:46