Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“, порача дека парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на 25 април треба да бидат фер и транспарентни.

Таа ги повика политичките лидери внимателно да ги изберат кандидатите и да ги отстранат криминалците и корумпираните, зашто „албанскиот народ не треба да гласа за криминалци“.

-Лидерите мора да ги отстранат своите корумпирани политичари од списокот, мора да се спроведе декриминализација. Лидерите мора да покажат транспарентност и во финансирањето и ги повикуваме да ги контролираат кандидатите. Албанскиот народ заслужува повеќе, тој не треба да гласа за криминалци и корумпирани лица во албанската демократија. Членовите на граѓанското општество ќе дадат свои мислења за Албанија да одржи признати избори, давајќи препораки за подобрувања , рече Ким.

Амерканската дипломатка со апел и до албанските граѓани со право на глас, од кои побара да не го продаваат својот глас и да не гласаат за криминалци.

Додаде дека САД работеле и ќе продолжат да работат на подобрување на демократијата во Албанија и нагласи дека претставниците во парламентот мора да ги претставуваат сите Албанци.