Откако Телеграм ја затвори групата „Јавна соба“ во која беа споделувани порногфраски материјали меѓу кои и од малолетни девојки од Македонија, а која броеше околу 8.000 членови и се појави една година по првичните информации во јавноста за истата, на оваа апликација постојано се креираат нови групи со иста содржина.

Во последните неколку денови на Телеграм се појавија минимум две вакви групи од кои едната е со членови од Србија и Македонија, а во другата главно се луѓе од Македонија. Од разговорите во нив може да се заклучи дека голем дел од нив се и малолетници, најчесто средношколци.

Од полицијата велат дека се следат групите во кои се објавува порнографска содржина и лични податоци. Засега нема нови апсења на членови, а се уште не се пронајдени креаторите и администраторите. Полицијата во моментот работи на вештачење на одземените телефони од четворицата приведени.