Или итна средба со министерката за култура, или протести, се заканија актерите од струмичкиот театар, откако им беше јавено дека фискултурец ќе им ја води институцијата- наместо човек од фелата. Се работи за Васил Бубев кој претходно бил директор на градинка.

-Моменталната состојба во културата е доста загрижувачка. Целта на нашата иницијатива е да културата се тргне од рацете на политиката, со цел да ја водат адекватни луѓе. Тоа би значело уништување на досегашната историја на театарот во Струмица. Сепак ние постоиме повеќе од 70 години и ако на чело се постави неадекватен кадар, ние би оделе во пропаст, изјави за Алфа, актерот Ванчо Василев.

Направена е и петиција која ја имат поддржано 260 актери, писатели, сликари, музичари од целата држава.