Понижувачки ниски откупни цени, недостиг од амбалажа, чекање со денови пред откупните пунктови, предавање на тутун преку врски или со подмитување, се само дел од проблемите кои се’ повеќе им ги зголемуваат очајот и неизвесноста на македонските тутунари.
-Тутунот што го носиш не ти го примаат сиот. И 40 картони да однесиш таму, по шифри ти ги ценат и од 40 картони, 25 си ги враќаш назад, така што и редот ти поминал што си го чекал. Ти бараат горни берби, горни берби му носиш за во „кец“, шанси нема, значи „кец“ не ти проценува и ти останува празна шифрата само за „кец“, така што другите берби не ти ги ни прима, вели за Алфа Еџевит Ајдароски од Долнени.
-На терен имаме влошување. Се откупува по шифри, се враќаат луѓето, четврта класа се одвраќа, не се откупува. Проценката е катастрофална, се врши грабеж по сите основи.Се земаат пари под рака, само да се влези на ред да се предај тутунот.Луѓе, ова вака е неиздржливо и ова мора да се реши, посочува Игор Мирчески.
Тутунарите се сомневаат дека во земјава и понатаму се увезувал и легален и нелегален тутун, што дополнително им ја влошувало и онака очајната ситуација.