Миа Скрбинац синоќа стана првата словенечка актерка што јавно проговори за нејзиното искуство со сексуалното вознемирување. Изјавта ја даде при нејзиното гостување на ТВ Словенија.

Таа изјави дека славен актер и професор по глума две години сексуално ја малтретирал за време на студентските денови на Академијата во Љубљана, пренесува СТА.

Говорејќи во емисијата „Тедник“, чии делови беа прикажани и во главните вести на јавниот сервис, актерката рече дека била изложена на психолошко и физичко насилство од страна на професор, кого не го именуваше, за време на часовите по глума и надвор од наставата во периодот меѓу 2014 и 2016 година.

– Ме чекаше пред тоалетот, во барот Драма и на други места, рече актерката.

Скрбинац, сепак, сè уште размислува дали да поднесе тужба против професорот.

Таа не го именуваше професорот затоа што верува дека не е единствената што доживеала сексуално вознемирување.