Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 28-та седница разгледа неколку предлог-законски решенија од областа на финансиите во прво читање за кои ќе се гласа дополнително.
Општата расправа заврши за предлог-измените на Законот за даночна постапка, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
На дневен ред на пленарната седница беше и Предлог законот за проектот „Нов Универзитетски клинички центар“, за кој Собранието не се изјасни, бидејќи сеуште не е завршена расправата во матичната собраниска Комисија за здравство.
Во тек е расправата по 29-та пленарна седница.