Докторот по општа медицина Ненад Лазаров на својот фејсбук профил ја критикува одлуката на Министерот за здравство Венко Филипче да го одбие предлогот на српските здравствени власти, македонските доктори да се вакцинираат во Србија.
- Со кое право министерот рече не благодарам на Србија за понудата за вакцини за македонските здравствени работиници?
Ќе си одевме најкултурно ќе се вакциниравме за да може да работиме.
Не се вакцинирај ако не сакаш, немој мене тоа право да ми го ускратуваш, пошто 2022 да се вакцинирам не планирам, коментира Лазаров.