Владата на седница донела одлука Македонија да воведе рестриктивни мерки односно санкции за Никарагва и со тоа да ѝ се придружи на Европската унија поради состојбата во оваа држава.

Како што е наведено во одлуката објавена во Службен весник, станува збор за финансиски мерки и за забрана за влез на граѓаните од Никарагва во Македонија, кои се воведуваат на неопределено време.